Парите од „Скопје 2014“ да се наменат за училишта и градинки

Ќе се заложиме средствата наменети за проектот „Скопје 2014“ да ги добиеме и искористиме за многу покорисни работи за граѓаните, истакна градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ на првата сесија на буџетскиот форум на која се дебатираше за Предлог-буџетот за 2018 година на општина Центар.

– Со квалитетни ДУП-ови ќе успееме да имаме прилив, но не по секоја цена. Ќе се заложиме средствата наменети за налудничавиот проект „Скопје 2014“ да ги добиеме и да ги искористиме за многу попотребни и покорисни работи за центарци, како што се училишта, градинки, зеленило и за социјални потреби, рече Богдановиќ.

Тој најави дека ќе се догради основното училиште „Гоце Делчев“, со што ќе се зголеми капацитетот за уште 140 ученици. Се планира реконструкција на сите училишта и градинки во општина Центар, обнова на фасадите на зградите, субвенционирање и поправање на покривите. Богдановиќ рече дека ќе се заложат ЈП „ПОЦ“ да извршува комунални дејности и да го преземе паркирањето на улиците во Центар место „Градски паркинг“. На локации каде е неопходно ќе се поставуваат и монтажни паркинзи.

Граѓаните и невладините организации активно дискутираа со своите предлози за приоритетни проекти кои треба, доколку се издржани, да влезат во програмите и буџетот на општина Центар за 2018-та година.

 

nike air max 1 sale