„Папамобил“ утре ќе се вози низ скопските улици

Папата Франциск при утрешната посета на земјава се очекува да се вози низ скопските улици во специјалното возило наречено папамобил. Ваквото возило најчесто се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува. Историјата на користењето на специјалниот автомобил „папамобил“ почнува од 1929 година кога било дизајнирано првото специјално возило за папата. Претходно од 1800 до 1929 година папата се возел со кочија опремена со кралско столче за формалните посети.