Пандев допрва ќе одлучува дали ќе игра уште една сезона

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев стави крај на репрезетантивната кариера по настапот со Македонија на ЕУРО 2020, но се уште нема одлучено дали ќе игра уште една сезона за Џенова.

Според последните најави од Италија, Џенова посакува Пандев да не заминува во пензија а ова го потврди и ветеранот по вчерашниот пораз на Македонија од Холандија.

„Чекам повик од Џенова, но прво сакам малку да одморам па потоа е ќе зборувам со луѓето во клубот и ќе пресечам. Клубот и тренерот секога ме поддржувале, но прво мора да одморам па ќе донесам одлука.“ – изјави Пандев.