Панчо и Андреј пет часа собираа ѓубре во Бардовци (ФОТО)

Панчо и Андреј од дуото ДНК  направија дело за аплауз. И двајцата собраа 50 вреќи ѓубре чистејќи ја населбата Бардовци.

„Драги наши,  по 5 часа работа и собрани преку 50 кеси шут и ѓубре се решивме да направиме еден поразличен ЧЕЛИНЏ, кои воедно треба да ги поттикне сите наши колеги, сограѓани, и истовремено да ја разбуди самосвеста кај луѓето“, пишуваат од дуото ДНК на Фејсбук по денешната акција во која собирале шут и чистеле во скопско Бардовци.