„Пајакот“ во Центар крена 123 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

123 непрописно паркирани возила се отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 101 возило кои биле затекнати во резидентни зони се санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, потсетуваат надлежните.