Падна дрво во Центар, оштети неколку возила

„Падна уште едно навидум зелено и здраво дрво во близина на Зеленото пазарче во Општина Центар, оштети три паркирани автомобили и за среќа, нема повредени жители“, извести вчера градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на својот фејсбук-профил..

„Ги замолувам граѓаните да бидат внимателни додека се движат по улиците и да не ги паркираат своите автомобили во близина на дрвјата додека трае невремето проследено со силен ветар“, додава тој.