Овие делови од Скопје утре ќе останат без вода и струја

 

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.07.2022 година ( понеделник ) поради промена на вентил од ф – 2 цола во шахта на ул. Даскал Камче бр.3, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Даскал Камче, Иван Аговски и Гиго Михајловски, како и дел од корисниците од ул. Руѓер Бошковиќ. ( општина Карпош ) 

 

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 25.07.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Шенкер, Јуба, Бане Сомбор, ПП Лукс, Мерцедес Тим Сервис, Ин Тајм, МК БПС, УПС Македонија – Шпедитерска Служба, Бими Компани, Садион Група ДОО, Јока ДООЕЛ, Фреш Фарм, Солекс, Фабер, ЛЕКС, Еуролукс и Лино лоцирани во индустриската зона Илинден.( општина Илинден )

- во периодот од 09.30 до 10.30 часот, корисниците од ул. Фрањо Клуз бр.2 – влез 1 и влез 2. ( општина Аеродром )