Овие делови од Скопје денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи- Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека денеска (четврток), поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

- Од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на Осло (од страната кон Реплек) (општина Карпош);

- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од село Малино, село Бродец, село Побожје, село Танушевци, село Брест (општина Чучер Сандево), и дел од село Љубанци, општина Бутел.