Овие 15 цитати ќе ви помогнат во животот

Еден од најпризнатите светски психолози Михаил Литвак, развил систем кој го нарекол „психолошки аикидо“ и самиот прв го употребил. Овие 15 работи, ако ги проучите и ги примените во својот живот, ќе станат моќно психолошко оружје во вашите раце и за вас нема да постојат никакви препреки.

  1. Ако човек нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.
  2. Никој никого не отфрла, само некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Тие кои заостануваат мислат дека се отфрлени.
  3. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно и другите да мислат добро за вас?
  4. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
  5. Способноста да сакате и добро да ја поднесувате самотијата е показател за духовна зрелост. Поточно, најдобро функционираме кога сме сами.
  6. Незрелата личност често има знаење, но не знае да го примени, додека зрелата личност има знаење и знае да го примени. Затоа незрелите луѓе ги критикуваат другите, додека зрелите делуваат.
  7. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
  8. Не постои машка или женска логика, само способност, или неспособност, мудро да рассудуваме.
  9. Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател, погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со него, сите останати лесно ќе ги победите.
  10. Постои само една силна причина да се прекине врската со некој или да го прекинете работниот однос – неможност за личен раст во тие услови.
  11. Пријатно е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
  12. Не трчај за среќата и ќе го најдеш местото каде што таа лебди. Среќата ќе те најде тебе. Едно место каде што таа сигурно се наоѓа е во вас. Патот до тоа место е преку развој на вашите способности до максимум.
  13. Ако сакате да му докажете нешто на некој, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате ништо никому да докажувате.
  14. Фантазијата е глас на нашите способности. На пример, јас фантазирам да пеам во опера, а немам ни глас ни слух, тешко ќе стигнам до опера. Но, ако фантазирам за нешто за што имам поголеми способности, ќе ги исполнам своите соништа побрзо. Добро е кога човек може да си каже – се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа.
  15. Подобро е да се комуницира со добра книга отколку со празен човек.