Ова се хероите за Лео: Миа, ДНК, Ѓорѓиевски докажаа дека сѐ уште има емпатија

Јавни личности, пејачи, градоначалници, но и обични хумани луѓе се одважија да помогнат за да се собере потребната сума за лекување на младиот скопјанец Лео во Австрија. 

Нашата позната инфлуенсерка Миа Костова, популатното дуо ДНК, градоначалникот на Кисела Вода покажаа на дело како се практикува хуманоста. 

Момците од „ДНК“ и Врчак собраа 690 илјади денари за лекување на Леонид со продажбата на нивната овогодинешна награда на „Златна Бубамара“. 

- Тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, потенцираат дечките од ДНК во својата објава.

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова организира огромна дарителска акција преку Инстаграм.

Бројни мали бизниси, компании и поединци ги понудија нивните услуги и продукти, а парите ги уплаќаат на сметката за донации за Леонид. Како што соопшти Миа за само два дена биле собрани околу 450.000 денари, а најголемата онлајн продавница за донации ќе биде отворена до недела.

- Имате време да најдете нешто за себе и да донирате за Леонид! - порача Миа на социјалните мрежи. 

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода, уплати пари за лекувањето на Леонид Индов кој е во Виена.   

Имено, кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде неговиот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите како што вели, сака да ги донира за лекување за младиот Леонид Индов, кој е во Виена, а првиот човек на Кисела Вода ја уплати сумата, со порака дека скутерот останува кај хуманиот Благојчо. 

За да се соберат соберат средства за лекување на младиот Лео, ќе се продаваат и мартинки.