Македонскиот народ уште еднаш покажа дека знае да биде хуман, собрани се парите за лекување на малата Кара

Уште еднаш македонскиот народ покажа дека знае да биде хуман. Се собраа парите потребни за лекувања на малата Кара. Ова го напиша на социјалните мрежи нејзината мајка.

„Парите кои беа потребни за лечење на мојата ќерка Кара се собрани. Им благодарам на сите оние кои ни помогнаа и се во оваа борба заедно со нас“ напиша мајката на Кара

На дванаесетгодишната Кара од Скопје итно и е потребно дијагностицирање, а потоа и лекување на ретката болест кое е неопходно да се направи во Шпанија, Барселона во болницата „San Joan de Deu Barcelona Hospital“

Кара лежеше на Клиниката за детски болести во Скопје. Само за дијагностицирање на болеста (14 дена испитувања и престој во болницата во Шпанија) потребни се 22.811 евра.

По објавениот апел граѓаните се сплотија и парите се собрани.