Ова паркиралиште во Центар денеска ќе биде затворено

ЈП Паркинзи на Општина Центар и денеска ќе спроведе акција за темелно чистење на паркиралиштата со кои стопанисува со цел одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи.

За таа цел денеска од 07:30 часот до 14:30 часот паркиралиштето „Билна аптека“ (ул. 11-ти Октомври) ќе биде затворено за употреба. Од Паркинзи апелираат до сите корисници на паркиралиштето во овој период да ги преместат своите автомобили со цел побрзо извршување на акцијата.