Отворен ден на Спортската академија при ФФОЗС

На иницијатива на директорот на „Спортска академија“, Дејан Јовановски, првата генерација матуранти од оваа образовна институција вчера присуствуваше на „Отворениот ден“ и запознавање со програмите за студирање на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОЗС).

Главната цел на настанот е промоцијата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и прикажување на истиот како место кое може да му помогне во развојот на секој спортист. Покрај тоа што нуди програма за едукација и стручно усовршување на спортистите во дисциплините со кои тие се занимаваат, можат да се стекнат со разни менаџерски вештини кои би им помогнале откако ќе пестанат активно да се занимаваат со спорт.

– Најбитна е нашата двојна улога, од една страна како место за секој спортист кој сака да напредува во кариерата, но од друга страна да биде подготвен за она што го очекува натаму во животот откако ќе заврши со активното бавење со спорт. Оние спортисти кои ќе се определат за ФФОСЗ ќе можат да останат во контакт со спортот целиот свој живот,- рече Вујица Живковиќ деканот на овој факултет.