Отров расфрлан низ Аеродром

На повеќе локации низ Аеродром е расфрлан отров. Отрови во Мичурин, Скопјанка, поликлиника Јане Сандански, Тобако 2, предупредува здружението за заштита на животни Анима Мунди.  

Пронајдени се повеќе отруени кучиња и мачки. На устата покрај пена, исфрлиле и крв. По неколкумесечно притајување, повторно излегоа трујачите на животни, кои го загрозуваат и здравјето на луѓето.