Концертот на Марија Јакимовска (флејта) и Билјана Петровска (пијано), кој требаше да се одржи вечерва во рамки на „Есенски Музички Свечености“ во Културно-информативниот центар во Скопје, се откажува.
Од КИЦ - Скопје, ја открија причината и најавија реализиција на истиот во декември.
-Вечерашниот концерт во рамките на Есенски Музички Свечености се откажува поради болест на еден од изведувачите. Истиот концерт ќе се одржи во декември - информираат од КИЦ.