Отчет на градоначалникот на Чаир Ганиу: Во "Договор со граѓаните” ја подобривме патната инфраструктура

“Уште од самиот почеток на мојот мандат ми беше приоритет да одговорам на гласот на вашите барања чие извршување беше неодложно и предвидено во последните две страни од програмата насловена “Договор со граѓаните“, а се однесуваа на подобрување на патната инфраструктура (асфалтирање на улиците и бекатонизирање на тротоарите), подигнување на нивото на јавна чистота, создавање на зелени површини и нови забавни паркови за деца, рече градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во отчетот за едногодишното работење.

– Асфалтиравме 2.500 м2 улици под надлежност на општина Чаир за една година, саниравме тротоари во должина од 800 м2 со асфалт и странично санирање во должина од 500 метри. Саниравме тротоари со бекатон од 2.500 м2 и странично санирање со бекатон 500 метри, го добивме грантот од Светска Банка за реконструкција на калдрмата во Старата Скопска Чаршија и за развој на туризмот (унифицирање на излозите на дуќаните). Аплициравме за кредит во Светска Банка за финансирање на проектот за соларните панели во објектот на Општина Чаир, основните училишта и детските градинки, а во соработка со организацијата Хабитат го започнавме проектот за енергетска ефикасност на колективните згради. Заврши процесот на подготвување на проектот за изградба на кружни тека на раскрсницата помеѓу ул. Кемал Сејфула и бул. Втора Македонска Бригада, како и на раскрсницата која ги поврзува ул. Џон Кенеди и ул. Христијан Тодоровски Карпош. Создадовме нови паркови во населба Топанско Поле и Стар Чаир заедно со ЈП “Паркови и зеленило“;, поставивме корпи за отпадоци и парковски столчиња, создадовме 2 фитнес зони на отворен простор – рече Ганиу.