Остануваат на сила досегашните рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот

Комисијата за заразни болести не препорача нови или дополнителни рестрикции на оние кои веќе се на сила. 

Со тоа, останува активна мерката полициски час од 22 часот, до 5 часот следното утро. Рестораните и другите угостителски објекти продолжуваат да работат до 21 часот, со препорака за почитување на мерките за дистанца и број на гости на една маса. 

Ваквите мерки остануваат на сила до 6 април 2021, но во меѓувреме активно се следи епидемиолошката состојба, со цел да се свика нов состанок на Комисијата за заразни болести, доколку тоа е потребно и да се предложат нови рестриктивни мерки.