Осми март одбележан и во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, им го честиташе 8 Март, Денот на жената на припадничките од понежниот пол во Општината, но и во општинската администрација.

Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози.

Тој истакна дека денешниот ден е симбол на борба за еднаквост и рамноправност во општеството. Жените се тие што знаат да направат баланс, да бидат столбот на семејството, да бидат успешни, нивната мисија е да креираат и да реализираат. Градоначалникот додаде дека улогата на жената е се позначајна во општеството.