Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк во Скопје.
Случајот бил пријавен вчера наутро во СВР Скопје.
-На 02.10.2022 во 09.52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците - информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.