Организационите директори од Клиника на боледувања, Меџити им порачува: Спијте си раат, нема да ве разрешам

По шпекулациите кои се појавија во јавноста дека организационите директори на скопските Клиники ќе бидат разрешени од страна на Министерот за здравство Фатмир Меџити тој денес во изјава за медиумите кажа дека тоа не е вистина.

- “Јас ви ветувам дека додека јас сум министер никој не смее да ги допре и ги почитувам“, вели Меџити.

Во меѓувреме голем дел од директорите плашејќи се за своите позиции земале боледување но не се болни, а тоа го потврди и министерот Меџити.

- “Повеќето од организациските директори од Клинички Центар земале боледување а не се болни. Тоа не е легитимно, нека спијат на раат јас не сакам да ги разрешам, ова е шпекулација на Артан Груби“, додава Меџити.