Општина Кисела Вода со повик до верниците за масовно учество по повод Водици

Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици се вели во објавата на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски

- “Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари. И оваа година, манифестацијата ја започнуваме од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатиме кон базенот во Расадник.  Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.  За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од мене како градоначалник, како и награди обезбедени од спонзори. Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба. Ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник“ се вели во објавата на Ѓорѓиевски