Општина кисела вода продолжува активностите за заштита од топлотниот бран и превенција од пожари

Интензивирани се активностите на Општина Кисела Вода во рамки на проектите  ,,Топлотен бран - заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период" и  “Лето без пожари”, во кои партнери се Црвениот Крст на Општина Кисела Вода, локалната самоуправа, како и Одделението за превенција при СВР Скопје и полициските станици од општа надлежност.

Во текот на денешниот ден, во кој повторно живата во термометарот е блиску до 40-тиот степен, претседателот на Светот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, заедно со волонтерите на Црвениот Крст- Кисела Вода, службените лица од и Одделението за превенција при СВР Скопје и претставниците од месните заедници во општината, посетија дел од најфреквентните локации во општина Кисела Вода, повеќе паркови и пазари каде на граѓаните им беше делена вода, како и летоци и превентивни совети за ризиците од појава на пожари и штетите од истите.

Активностите во овие кампањи придонесуваат да се подигне свеста кај граѓаните за заштита и превенција од пожари, да се подигне довербата во институциите, но и да се обрне повеќе внимание на сопственото здравје и почитувањето на советите на лекарите.

Имено, од средината на јули, паралелно со делењето на летоци и вода за освежување, специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст патролира низ улиците во општина Кисела Вода, по потреба медицински интервенираат и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови.

Општина Кисела Вода уште еднаш апелира до сите свои жители да ги следат препораките и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето за кои докторите секојдневно информираат, како и да бидат многу внимателни во поглед на превенцијата од пожари, кои за жал се многу актуелни во овој период од годината.