Општина Ѓорче Петров ќе додели парична помош за 40 новороденчиња

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски потпиша 40 нови решенија за доделување еднократна парична помош во висина од 5.000 денари за новороденчиња на територија на општината.

– Станува збор за барања поднесени пред изборниот процес и во периодот кога исплатите беа забранети, согласно законската регулатива. Сите претходни барања за новороденче од пред септември 2021 година се исплатени, информираат од локалната самоуправа на Ѓорче Петров.

Велат дека Општина ќе продолжи и понатаму да ги стимулира родителите во насока на поддршка на наталитетот во населбата.

Проектот за еднократна парична помош за новороденче ќе продолжи да се реализира и во наредните години, истакнаа од Општината.