Општина Ѓорче Петров додели по 400.000 денари премија за најтрофејните спортски клубови

ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и Ѓорче Петров - ЖРК се овогодинешните најтрофејни спортски колективи во општина Ѓорче Петров, но и во Република Македонија, објави градоначалникот Александар Стојкоски.

Градоначалникот Стојкоски објави дека на двете екипи им била доделена премија од по 400.000 денари.

ЖРК Ѓорче Петров по вторпат ја освои сениорската женска ракометна лига и со тоа ја одбрани минатогодишната титула првак на Македонија.

Општина Ѓорче Петров во знак на благодарност и стимулација за во иднина, доделува 400.000 денари на ЖРК Ѓорче Петров.

ФК Македонија Ѓорче Петров втора година по ред освојувач на Купот на Република Македонија, со што покажува дека клубот сериозно работи и вложува во младинските категории, но и во првиот состав кој оваа година на пенали во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Струга Трим Лум.

Општина Ѓорче Петров во знак на благодарност доделува 400.000 денари на ФК Македонија Ѓорче Петров.