Општина Бутел додели три награди за најубаво украсени дворови

По повод новогодишните и божиќните празници, граѓаните на општина Бутел традиционално ги украсија своите домови, куќи и дворови.

Оваа година жири комисијата беше во голема дилема и затоа одлучи да додели три први награди, со цел да го поттикне натпреварувачкиот и естетскиот дух кај граѓаните на општина Бутел.

Првонаградени се: Денчо Јосимов за креацијата од украси и светилки со наслов ,,НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА МАГИЈА“, Сашо Тодоров за неговиот двор кој е украсен во стилот на ,,НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР“ и Евица и Мирко Мариќ за нивниот украсен двор и куќа со светилки во бела боја заради што нивната креација носи наслов ,,НОВОГОДИШНА БЕЛА УБАВИНА“.

Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници, ќе бидат наградени со по 5 000,00 ден. а традиционално ќе добијат и специјални благодарници од општина Бутел.