Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница во Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 22.00 часот во спортска обложувалница на ул. „8-ми Септември“ во Скопје три непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз вработените. Сторителите со закана со пиштол го одзеле дневниот промет и побегнале во непознат правец.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.