Се заканил на вработениот, па ги украл парите - Ограбена обложувалница во Карпош

Завчера во Скопје била ограбена спортска обложувалница. 

- На 07.03.2024 во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Карпош – Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.