Оглас за вработување во АД "Македонска пошта" - Скопје

Врз основа на член 22 став 4 и член 23 од Законот за работните односи, член 18 и 19 од Колективниот договор на АД „Македонска пошта“ - Скопје, пречистен текст, Генералниот дикретор на Друштвото, распишува: 

ЈАВЕН ОГЛАС

За пополнување на следното работно место на неопределено работно време 

Во Дирекцијта на АД Македонска пошта - Скопје, при секторот за економско и финансиско работење

- Соработник за план и анализа - 1 (еден) извршител, со завршен 7-ми степен на образование Економски факултет, со или без работно искуство

Рок на пријавување: пет (5 работни дена, а почнува да тече наредниот ден од денот на објавување во дневниот печат)

Рок за избор:
- до 200 пријавени кандидати во рок од 45 дена
- од 201 до 500 кандидати во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување

Работно време: Од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок
Паричен избос на основната плата: 23.381,00 денари

Потребни документи:
- Молба
- Доказ за завршено високо образование
- Уверение за државјанство на РМ

Место на доставување:
Молбите со потребните документи за наведената позиција се доставуваат:
- Во архивата на Дирекцијата на Друштвото, бул. Орце Николов бр.46, 1000 Скопје

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат

Краен рок за пријавување: 04.03.2016