Во тек е оглас за спроведување обуки за стари занаети

Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за спроведување обуки за стари занаети преку оспособување за стекнување на знаења и вештини, да се пријават најдоцна до 31. 08. 2007 година во надлежните центри за вработување.

Обуките се однесуваат на следните стари занаети кои ќе се спроведуваат кај работодавачите:

- ковач - 6 месеци обука

- бочвар - 6 месеци обука 

- јорганџија - 4 месеци обука 

- стаклар - 3 месеци обука 

- оџачар - 3 месеци обука

- лимар - 6 месеци обука

- сликање на стакло - 3 месеци обука 

- изработка на витражи (составување на стакленца со метал) - 6 месеци обука

- изработка на накит од монисти (со техники на ќостек) - 3 месеци обука 

- резбар - 6 месеци обука

- крзнар - 6 месеци обука

- грнчар - 6 месеци обука

- чевлар крпач - 6 месеци обука 

- часовничар - 6 месеци обука - и други занаети

Заинтересираните работодавачи занаетчии треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да имаат документ за регистрирана соодветна занаетчиска дејност како занаетчија или вршител на занаетчиска дејност (Решение за регистрирана занаетчиска дејност или потврда за вршење на занаетчиска дејност издадено од надлежната Занаетчиска комора) и

-Тековна состојба не постара од 2 месеци издадена од Централен регистар на РМ

Спроведувачите на обука во зависност од занаетот и времетраењето на обуката која може да биде од 3-6 месеци, ќе добијат од 30. 000, 00 до 50. 000, 00 денари паричен надомест по обучено лице.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Занаетчиска комора на Република Македонија и работодавачот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување, на контакт телефон 02/3298297 и веб страната www. avrm. gov. mk.