Оформен првиот овошен парк во Општина Гази Баба

Во општина Гази Баба денес се оформи првиот овошен парк со засадување на 75 овошни сертифицирани садници, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски.

-Во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата Зелен лист Воздух чист, во соработка со Факултетот за земјоделски науки, храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје го оформивме овој парк. Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба и предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките - истакна Стефковски.

Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна, како што вели Стефковски, се дава поддршка на предизвикот на ФАО „Свет без глад до 2030 година“, и од друга страна, се созадаваат нови зелени површини и се придонесува кон зачувување на животната средина, потенцираше градоначалникот.