Официјално вкупно 12 кандидати за градоначалник на Град Скопје - трката ќе биде неизвесна

Скопјани на претстојните локални избори закажани за 17. октомври ќе имаат „широка понуда“ на кандидати за градоначалници на Град Скопје.

На избирачкото ливче ќе може да изберат еден од вкупно десетте кандидати и двете кандидатки.

На овие избори за градоначалничката функција во Град Скопје ќе се борат:

Перо Георгиевски – Левица

Мунир Колашинац – Бошњачки демократски сојуз

Петре Шилегов – СДСМ

Љубомир Јосифовски - Политичка партија демократи

Славе Несторовски -ТМОРО

Данела Арсовска – независна кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Арсовски – Комунистичка партија

Владимир Трајковски – Родина Македонија

Тодор Ношпал – Интегра

Александар Тортевски -Твоја партија

Арбен Шаќири – Движење одлучно за промени (ДОМ/ЛДП)

Ана Петровска – независна кандидатка

За разлика од претходните локални избори, во 2017 година, има поголем број на кандидати за градоначалник на Град Скопје. Од сите кандидати, единствено актуелниот градоначалник Петре Шилегов повторно се кандидира, за уште еден мандат. Тој на претходните локални избори победи уште во првиот изборен круг, каде најголем ривал му беше Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.