Градот Скопје ќе банкротира со бесплатен јавен превоз?

Колку би чинел функционален бесплатен јавен превоз во Скопје, како што предлагаат дел од кандидатите за градоначалник на Скопје.

Од ЈСП за Независен велат дека велат според грубата пресметка, јавниот превоз во Скопје ги имал следниве месечни трошоци, ако како репер ја земеме непандемиската 2019 година:

За гориво околу 600 илјади евра, за плати милион евра, 400 илјади евра за приватни превозници, и 300 илјади евра за оддржување. Просечниот приход бил 750 илјади евра од продажба на билети. Значи, за 2019 година вкупните месечни трошоци биле околу 2,3 милиони евра, а вкупните годишни трошоци биле над 27 милиони евра, додека вкупните годишни приходи од продажба на билети биле околу 9 милиони евра.

Експерти кои се упатени во проблематиката со јавниот превоз, укажуваат дека воведувањето на бесплатниот јавен превоз или комплетно ќе го блокира јавниот превоз или ќе го банкротира градот Скопје, пишува порталот. 

За да се воведе функционален јавен превоз треба најмалку двојно, или тројно да се зголемат бројот на автобуси, вработени, и месечни трошоци. Имено, ако не се зголемат постојните капацитети, автобусите би биле преполни, би се полнеле уште на првите станици и бесплатниот јавен превоз би бил сосема нефункционален, се наведува во анализата на „Независен“.