Официјално промовирана „Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски

Со песната „Оган да го гори“ во нова изведба на Ламбе Алабаковски официјално стартува голмиот музичко-патриотски проект „Македонијо, во срце те носиме“. 

Инаку оваа песна е оригинално изведена од Гоце Николовски.

Музиката за песната на Ламбе е на Војо Стојаноски, текстот на Гоце Николовски, а аранжманот на Никола Мицевски.

Звуците на зурла, кавал и гајда се во изведба на Гоце Димовски, а на тапан на Трајче Ристов.

Иницијаторка и идеен творец на овој проект кој привлече големо внимание во јавноста е нашата позната пејачка Бојана Скендеровски.

Станува збор за обработка на 12 патриотски песни во ново руво, кои ќе бидат испеани од популарни музичари, а најавен е и музички караван низ земјава, со цел да заживеат патриотските песни помеѓу помладите генерации.

Дел од ,„Македонијо, во срце те носиме” ќе бидат и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Александар Тарабунов, Мина Блажев и други.