Одржувачот на инсталациите во хотелот “Македонија” се спасил од смртта на чуден начин

Познато е дека животните имаат некое посебно сетило за да предвидат земјотрес или поплави. Една таква необична приказна со животните е поврзана и со скопскиот земјотрес.

Во хотелот “Македонија” во центарот на градот каде што загинаа многу луѓе, главно странски туристи и гости, одржувачот на инсталациите во подземните простории на хотелот се спасил од смртта на чуден начин.

На некои од загинатите не можеле да им бидат пронајдени телата, и им се губи секаква трага, особено на странските посетители. Според некои новинарски истражувања, тој фатален ден во градот имало околу 150 гости, странски државјани. Меѓу нив се посочува случајот со двајцата Швајцарци кои избезумено барале брачен пар што исчезнал под урнатините. Нивните деца биле пронајдени, но родителите никаде ги немало. Или друг пример. По земјотресот, во октомври, на делот од хотелот “Македонија” кој останал зачуван, можеле да се видат цвеќиња и парче хартија, на кое на германски јазик пишувало: “Од твојата мајка”.

Никогаш не се дознало името на жртвата што загинала во хотелот ниту името на мајката која дошла од Германија, и го поставила букетот со писмото.

Долго време по земјотресот оние што сѐ уште имаа куќи не спиеја во нив, туку на черги пред домовите, затоа што по земјотресот Скопје сѐ уште се тресеше. Интересна е и приказната како еден американски новинар си го спасил животот. Тој на 25 јули дошол во Скопје и сакал да отседне во хотелот „Македонија“, на местото каде што денес се наоѓа кафулето „Тренд“, но бидејќи таму немало место, вработените не можеле да му дадат сместување.

Еве како се случило тоа. Откако цела ноќ дежурал во подрумите од хотелот, утрото на 26 јули бил буден. Наеднаш се слушнала врева од голем број глувци, кои излегувале од нивните скривалишта и бегале угоре, кон излезот. Тоа го правеле со многу врева, и се движеле еден по друг, во ист правец. Сакајќи да види каде бега глутницата, тој тргнал по неа. Глувците излегле право на улица, и се разбегале. Бидејќи се почувствувал пријатно на утринското сонце и на чистиот воздух, тој се задржал надвор уште некое време. Кога сакал да се врати, се случил првиот удар на земјотресот. Кога се свртел, ја видел ужасната слика на хотелот во урнатини. Не можел и самиот да поверува како, на необичен начин, си го спасил животот.

Новинарот се налутил и побарал сместување во хотелот „Турист“. Тоа што отседнал во „Турист“, наместо во хотелот „Македонија“, го спасило, затоа што хотелот „Македонија“ бил еден од најразурнатите објекти.

Тој бил срамнет со земја. Исто така, има интересна приказна за една француска група што имала претстави во Скопје. Тие сите биле сместени во хотелот „Македонија“. Една Французинка, која била член на групата, со себе го носела своето милениче – мајмунче. Вечерта пред земјотресот мајмунчето си играло со сите гости во хотелот, но вечерта и мајмунчето и газдарицата загинале во земјотресот.

Сведоштва и вистински приказни за катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во  26 јули 1963 година.

Потресно сведочење на девојче за скопскиот земјотрес

Животот во шаторските населби низ Скопје: По земјотресот во Гази Баба се раѓа здраво машко дете

Херојот Ленче од Скопје

Сите денешни вести прочитајте ги тука.