Одмор претворен во мачење - Македонските туристи трет ден без облека, ќе бараат отштета од авио компанијата

Одморот претворен во мачење за македоснките туристи кои во неделата заглавија во Хановер, дознава 1Тв.

Поради проблеми со електричната енергија на аеродромот во Хамбург, авионот на „Виз Ер“ следал во Хановер, а на патниците им било ветено дека ќе ги чека автобус кој ќе ги превезе до закупената дестинација и дека таму ќе си го подигнат својот багаж. Ништо од ветеното не било исполнето.

По повеќе од тричасовно безнадежно чекање, македонските патници едвај нашле автобус до Хамбург, но се уште не ги добиле своите куфери.

Од авио компанијата трет ден молчат. Патниците не информираа дека доцна синоќа им пристигнала порака на електронските адреси во која „Виз Ер“ им се извинува за непријатностите и ги информира дека денеска ќе ги добијат куферите.

До овој момент тие се уште се без својот багаж. Патниците се бесни и најавуваат тужби. Во телефонски разговор за 1Тв велат дека биле оставени без облека и биле приморани да купуваат иако за тоа немале предвидено пари.

Велат дека ќе бараат отштета од авио компанијата бидејќи одморот им го претвориле во мачење. Дополнително се револтирани поради, како што велат, игнорантскиот однос на компанијата бидејќи три дена не можат да контактираат никој од Виз Ер.