Одбележување на Водици 2024 во општина Илинден

Општина Илинден ги повикува граѓаните во петок во 12 часот во масовен број да го одбележат големиот ден Водици. Организатор на овој настан е црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, каде ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.

Сите заинтересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден се вели во објавата на општина Илиден.