Од денеска повисоки цени на 1.000 прехранбени производи

Од денеска стапува на сила новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи.

Како што објави ТВ „Сител“, листата производи брои над илјада артикли. Меѓу нив на списокот кој веќе го добиле трговците се брашното, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли.

На списокот наоѓаат и џигерот, сладоледот, потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Поскапува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…

Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.