Од денеска, 4 македонски градови немаат активни случаи на ковид-19

Веќе четири градови во Македонија немаат ниту еден активен случај на ковид-19 во дневната статистика. 

Денеска е регистрирано едно оздравено лице од Пробиштип. Со тоа, овој град, заедно со Пехчево, Дојран и Демир Капија, има вкупно 0 активни случаи на заразата со коронавирусот. 

Во моментов во Велес има 10 заразени лица, а исто толку има и во Свети Николе и Гевгелија. По еден активен случај има во Валандово, Македонски Брод и Дебар.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68555, Активни 427
Куманово 8840, Активни 109
Прилеп 8307, Активни 57
Тетово 7218, Активни 43
Битола 6296, Активни 51
Велес 5468, Активни 10
Гостивар 5177, Активни 26
Кавадарци 5153, Активни 8
Охрид 5006, Активни 51
Штип 4959, Активни 16
Струмица 4111, Активни 37
Струга 2981, Активни 23

Кочани 2789, Активни 13
Кичево 2568, Активни 41
Гевгелија 2194, Активни 10
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1523, Активни 10
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1159, Активни 22
Берово 1029, Активни 2
Делчево 971, Активни 9
Дебар 940, Активни 1
Виница 882, Активни 18
Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 399, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 7
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0