Обновено и збогатено детското игралиште на кејот во Карпош

Деновиве Општина Карпош изврши целосна реконструкција на детското игралиште во близина на Скејт паркот покрај кејот на реката „Вардар".

Игралиштето е целосно реконструирано и збогатено со разновидни детски реквизити, а најмалите карпошани ќе можат безбедно да го користат во деновите кои следат.

Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив.