Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2018/2019 година се објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk.

Приговори може да се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавата.