Обид за самоубиство во Скопје: Се заклучила и испила солна киселина

Вчера година во 12.45 часот во Скопје, соседката пријавила дека Ф.П.(54) откако се заканила дека ќе се самоубие се заклучила во станот. 

Од страна на Противпожарна единица насилно била отворена врата и било утврдено дека Ф.П. испила неодредена количина на солна киселина, а била спречена од полициски службеници да го испие и преостанатиот дел.

Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.