Обид за киднапирање девојче сред бел ден во Миладиновци

Обид за киднапирање на 12 годишно девојче во скопско Миладиновци се случило завчера околу пладне, тврдат родителите, за 24 Вести.

Тие велат дека, додека нивната ќерка се враќала од училиште ја следел автомобил со црна боја. Таткото се уште видно вознемирен објаснува дека ќерката се пожалила дека во еден момент, возачот излегол и почнал да ја следи. 

 „Во моментот споро се движел и ја гледал – брзо застанал и излегол од автомобилиот и тргнал кон нејзе, првата незјина рекација била да избега. Уплакана целата во паника свртела кај сопругата која излегла да ја пресретне, бидејќи тоа било во близина на работата. Случајот сега го прјавив и во полиција“, изјави Маријан Стојнев, родител на детето.

 Директорот на училиштето „Браќа Миладиновци“ Тројан Симоновски, не сакаше да зборува пред камера.

 Само кратко вели дека вакво нешто не се случило и оти ова за него е измислена приказна. Отфрла било каква одговорност на училиштето и вели дека објектот е безбеден. И покрај ваквите тврдења таткото тврди дека во обидот за киднапирање на нивната ќерка има и очевидци.

 „Вчерашниот момент го видела некоја жена, не знаеме која е таа истиот ден на родителска во училиштето го кажала моментот кога некој сакал да ја киднапира ќерка ми. - вели Маријан Стојнев, татко на девојчето.

 Ваквите обиди според Маријан имаат некава позадина, се сиомнева дека станува збор за киднапирање и нивна евентуална злоупотреба. Тој потврдува дека децата на училиште се безбедни, но не и кога се враќаат дома.