Новото основно училиште во Капиштец ќе биде најголемо во регионот

Делегација на Општина Центар, Сараево (Босна и Херцеговина), предводена од Градоначалникот Неџад Ајнаџиќпристигнa во официјална тридневнапосета на Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Посетата на Градоначалникот на Центар, Сараево Неџад Ајнаџиќ е прва од ваков тип, по потпишувањето на Меморандумот за сорабока помеѓу двете општини, мината година во март, кога Градоначалникот Саша Богдановиќ ја посети Општина Центар, Сараево.

За време на својот престој, Градоначалникот Саша Богдановиќ и Градоначалникот Неџад Ајнаџиќќе остварат неколку формални средби на кои е предвидено да се разгледаат можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес.

„Училиште по сите стандарди и повеќе од тоа. Воодушевен сум од квалитетот на материјалите, распоредот на училниците, спортската сала, просторијата за ботаничка градина и специјално адаптираниот простор за деца со посебни потреби“, беше коментарот на Градоначалникот на Општина Центар, Сараево Неџад Ајнаџиќ по посетата на новото училиште во Капиштец, кое ќе биде најголемото во регионот и единственото во земјата кое ќе направи инклузија на деца со посебни потреби.

cheap nike free run 5.0