Ново Лисиче добива нова пешачка патека

Ново Лисиче добива нова пешачка патека со павер елементи покрај ОУ „Лазо Ангеловски“, со што се овозможува безбедно и олеснето движење за граѓаните и учениците од овој дел на Аеродром, велат од општина Аеродром. 

Истовремено, се поставува заштитна ограда на игралиштето во Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, со која ќе се овозможи уште побезбедно спортување.

Инвестицијата во модернизација и разубавување на спортскиот центар се врши со средства обезбедени од Фондацијата „Марко Божиновски“ и со поддршка на Општина Аеродром.

Во изминатите неколку дена се спроведе и голема акција за чистење, како и за уредување на зелените површини во Ново Лисиче. -Остануваме посветени на заложбата за создавање уште подобри услови за сите жители на Аеродром и инвестираме подеднакво во сите делови од општината, велат надлежните.