Нови 35 еко-автобуси ќе возат низ Скопје

Нови 35 еко-автобуси ќе возат низ скопските улици. Европската банка одобри заемот од 10 милиони евра за купување на истите. 

Автобусите ќе имаат најмодерни мотори со Евро 5 стандарди, и треба да ги заменат старите дизели со Евро 2 стандард.

„Проектот има за цел да ги подобри и модернизира автобуските линии во Скопје преку купување на 35 автобуси на природен гас ("CNG") со мотори Евро 6, со цел да се обезбедат подобри еколошки и оперативни перформанси. За таа цел ЕБРД предвидува обезбедување на обезбедување на заем од 10 милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатија, додека Град Скопје кој е основач на истото треба да обезбеди банкарска гаранција. Главната цел на Проектот е да го зголеми и подобри нивото на јавниот транспорт и да го подобри квалитетот на воздухот во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа. Со оглед на тоа што новите автобуси ќе ги заменат старите дизел-автобуси Еуро II, предвидената инвестиција има значителни еколошки и здравствени придобивки и значително ќе го зголеми квалитетот и ефикасноста на услугите што ги нуди компанијата“, додава ЕБОР во соопштението.