Наскоро ќе се реши хаосот во јавниот превоз, најави Арсовска

Јавниот превоз во Скопје пола година е во колапс, но градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска најави дека наскоро ќе биде надминат проблемот со кој се соочуваат граѓаните.

На последниот јавен повик биле пријавени неколку фирми, па сега се чека градоначалничката Арсовска да стави потпис на договорите заедно со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје.

-На последниот повик беа доставени сите потребни документи од приватните превозници. Во моментов има уште неколку процедури во ЈСП и верувам дека наскоро сè ќе биде комплетирано. Очекувам следната недела со приватните превозници да се потпише договор и тие да почнат со работа, кажа Арсовска за „Алсат“.