„Новата влада се очекува до 20 јуни, во неа веројатно ќе бидат ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ“, напиша Милошоски на твитер

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошски по вчерашното прегласување, на социјалните мрежи ги објави официјалниот распоред во македонското собрание, како и коалицијата која веројатно ќе се формира за поддршката на владата. 

Според последните информации коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места.

Милошоски на Твитер напиша дека новата влада се очекува да се формира до 20 јуни, а во неа веројатно ќе учествуваат ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и партијата на Максим Димитриевски.