Нова зелена површина од 8.000 м2 на ул. Самоилова кај Музејот на современа уметност

Подигната е нова зелена површина од 8.000 м2 на ул. Самоилова кај Музејот на современа уметност. Просторот е целосно зазеленет , а неделава ќе следи садење на летен цветен расад.

Во завршна фаза е и проектот за зазеленување на зелениот коридор од 2.000м2 кај јавното претпријатие Водовод и канализација на ул. Боца Иванова во општина Бутел.

Екипите на Секторот Подигање зеленило започнаа со подготвителни работи и расчистување на теренот помеѓу ул.Втора Македонска Бригада и ул.Лазо Трповски. Се реконструира стара тревна површина од 5.500м2 по што ќе следи поставување на видиковец и детско игралиште.

Во почетна фаза на изведба е и проектот на бул. Крсте Петков Мисирков позади МКЦ каде се обновува тревната површина.