Нова подлога за детските игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве врши реконструкција на оштетените детски игралишта.

Се поставува гумена подлога за поголема безбедност на дечињата, а се обновуваат и реквизитите.

Исто така, продолжува и тековното одржување на детските игралишта на територијата на Општината.