Нова опрема и ангажман на сезонски работници за навремено средување на зелените површини во Гази Баба

“Лошата организираност на ЈКП “Гази Баба” во минатото и слабата опременост, беа голем проблем за да може редовно да се извршуваат задачите.

Работници без работни униформи, без соодветен алат за работа, лоша организација и систематизација, се само дел од недостатоците кои ги наследив со преземањето на функцијата. За целата територија на општината беа ангажирани само 38 сезонски работници, што ни малку не е доволно за покривање на територијата#, изјави градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски.

Градоначалникот посочи дека претпријатието располагало со само 10 тримери и едно тракторче. Од 13 гранки кои може да ги работи претпријатието, активни биле само 6.

Набавени се 3 нови рачни косилки, 3 нови тримери, како и 1 моторна косилка со кои зелените површини навремено ќе бидат средени. Во постапка е набавка на униформи за работниците, како и набавка на багер и два камиони кипери.

– Бројот на сезонски работници од 30 го зголемивме на 70, со подобра теренска организираност и покриеност на општината. Започнавме со поставување на урбана опрема, клупи, канти и летниковци, изработена од нашето комунално претпријатие која ја опремивме со нов алат. Оваа урбана опрема ја поставуваме на целата територија од општината, изјави Георгиевски.

Гази Баба ќе активира и телефонска линија на која граѓаните ќе можат преку Вибер да пријават отпад, или кој било проблем, со слика и точна локација.